Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓
Управата на Сити се откажа од борбата за Санчез кој по се изгледа ќе продолжи да игра во Манчестер Јунајтед.
Приказната за овој фудбалер трае со денови, а иако во почетокот се мислеше дека ќе потпише со Сити, сепак се предомислил во последен момент, затоа што понудата на Јунајтед не може да се одбие.
Меѓутоа, тоа не треба да ги разочарува навивачите на Сити, затоа што овој клуб одлучи да најде напаѓач на друго место. Според медиумите, Гвардиола е заинтересиран за Гризман.
Французинот во лето сигурно ќе замине од Атлетико, а најмногу се поврзува со Барселона. Гризман има клаузула од 200 милиони евра, но таа ќе биде намалена на 100 милиони.