Скандал во Англија: Фудбалер на Ливерпул обвинет за обложување


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) денеска излезе со обвинение за напаѓачот на Ливерпул, Даниел Стариџ, кој наводно ги прекршил правилата според кои на играчите им се забранува секаков вид на обвинување.

Стариџ на обвиненијата кои се однесуваат на јануари оваа година, треба да одговори до 20 ноември.

ФА наведе дека Стариџ е под истрага поради кршење на правилата Е8(1)(а)(II) и Е8 (1) (б). Според првото правило на играчите или тренерите им се забранува обложување, директно или индиректно, додека со второто е забрането да се даваат било какви информации на други лица за натпреварите.