СКАНДАЛ на повидок: „Марка“ објавува лажни интервјуа, Наполи најави тужба!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Откако Севиља изминатата недела покажа интерес за хрватскиот репрезентативец, Марко Рог, се чинеше дека во неговиот Наполи заклучија дека заминување на позајмица во Андалузија навистина би бил најдобар потег за 23-годишниот фудбалер.

„Разговаравме со Севиља и дадовме зелено светло да замине на позајмица. Сметаме дека тоа е добра опција за Марка. Ни кажа дека сака да оди во Севиља, но не можеме да им го даруваме. Може да го мине остатокот од сезоната во Севиља, но потоа мора да се врати кај нас. Не сакаме во договорот да вклучиме опција откуп, тоа му го рековме и нему и на Севиља. Уште сме убедени дека на почетокот ќе се изјаснат. Тој е играч полн со самодоверба и не сакаме да се откажеме од него“, ги пренесе утринава ABC де Севиља зборовите на спортскиот директор на Наполитанците, Кристиан Гуинтоли.

Меѓутоа, во Наполи, тврдат, како што пренесуваат италијанските медиуми, дека интервјуто е измислено и дека ќе издадат службено соопштение и најавија тужба.

„Спортскиот директор на Наполи, не дал интервју за овој медиум. Изјавите кои ги пренесоа шпанските медиуми се неточни и без никаква основа. Спортскиот директор ќе преземе правни чекори кон одговорните“, стои во соопштението.

Откако летото 2016. година пристигна од Динамо, Рог за Наполи одигра 67 натпревари, но во поголемиот дел влегуваше од клупата. Изминатата сезона, на пример, на секој од 38те лигашки натпревари беше резерва на клупата, а на 28 влезе како замена. За него секако би било добро клубот да го испрати на позајмица, што и натаму не е невозможно, но овој скандал можеби малку ги искомплицира работите.