„Скратена“ плата за Тура ако сака да остане во Сити!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Искусниот фудбалер на Сити, Туре би можел и наредната сезона да го носи дресот на овој тим.

Иако по доаѓањето на Гвардиола во Сити, тој беше отпишан, сепак повторно почна да игра во првиот тим.

Тој доби доверба кај Гвардиола и во Сити би можеле да го гледаме и наредната сезона.

Туре ќе добие 1-годишен договор, но со многу намалена плата. Таа ќе биде намалена за 50%, но и покрај тоа тој ќе заработува неверојатни 100.000 фунти неделно.

Дали тој ќе се согласи на тоа или ќе замине во некој од тимовите од Кина, ни останува да видиме.

Туре е член на Сити од 2010 година, а стигна од Барселона.

Оваа сезона одигра 27 натпревари и постигна 6 голови.