Словенија и Атлетико имаат Октопод на голот!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


На кого му треба Самир Хандановиќ, кога е тука Јан Облак, веројатно така сега констатираат Словенците.

Атлетико Мадрид со ремито без голови обезбеди пласман меѓу осумте најдобри во ЛШ, а најголема заслуга за недостатокот на голови во Мадрид оди на сметката на одличниот голман на Јорганџиите.

Јан Облак со своите бравури спречи Фармацевтите да дојдат до толку посакуваниот гол, а нивните ударци кон својот гол успешно ги запре во шест наврати.

Ниеден голман во 1/8 финалето намаше толку интеревенции, што дава на тежина одличната партија на словенскиот чувар на мрежата, а посебно импресивна беше тројната интеревенција од средината на второто полувреме.

Прво ја сочува после ударот на Хулијан Брандт, кој беше сам кога шутираше, а потоа во два наврати ја сочува мрежата од Кевин Фоланд, кој истотака имаше повеќе од изгледна позиција за шут.

Просто неверојатни рефлекси имаше поранешниот голман на Бенфика, кој пополека израснува во еден од најдобрите во својатаработа на целиот свет.

Треба да додадеме и дека Атлетико од 17 од последните 20 мечеви на својот терен во ЛШ, каде што не прими гол.