Солари за можното враќање на Мурињо: Реал Мадрид е како – Џулија Робертс!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Сантијаго Солари не се грижи за својата работа и покрај тоа што Жозе Мурињо се споменува како нов тренер на „кралевите“.

Солари доби жестоки критики по двата порази во само три дена против вечниот ривал Барселона, па на прес-конференцијата пред мечот против Ајакс во Лигата на шампиони го искоментира можното враќање на Мурињо.

„Овој клуб секогаш имал повеќе додворувачи и од Џулија Робертс“, вели Аргентинецот.

А, кога го прашаа дали Реал на местото на Џулија Робертс ќе го избере Солари или Мурињо, тренерот на „кралевите“ одговори:

„Добро прашање. Тоа би морале неа да ја прашате“, кажа Солари.

Реал Мадрид, по двата порази од Барселона во Мадрид, остана во борба само за трофејот во Лигата на шампиони.