Солари на чело со „Кралевите“ во својот прв тренинг: Официјално останува 14 дена, а потоа… (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сантијаго Солари ја презеде екипата на Реал Мадрид и го одработи својот прв тренинг како шеф на стручниот штаб на „Кралевите“.

Аргентинскиот бивши играч за врска на шпанскиот кралски клуб го замени Лопетеги, кој беше елиминиран по поразот на Реал од 5:1 против Барселона во неделата.

Според правилата на Шпанскиот фудбалски сојуз, статусот на Силари е привремен тренер и може да трае најмногу 14 дена, по што клубот мора да одлучи трајно да го именува или да најде некој друг тренер како замена за Лопетеги.

Првиот меч на Солари ќе биде во рамки на 1/16 финалето од Купот на Кралевите против третолигашот Мелиле.