Солскјер го има пенкалото в раце: Остана официјализирање на животниот договор…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Манчестер Јунајтед само што не потпишал животен договор.

„Дејли Меил“ денес пренесува, Манчестер Јунајтед само што не ја објавил информацијата дека Оле Гунар Солскјер потпишал нов договор со клубот, што значи дека Норвежанецот е следната сезона ќе го предводи овој тим.

Објавата би можела да следи веќе оваа недела, како што наведуваат, а во понеделникот вечерта веќе се било договорено со сегашниот тренер.

Сега и навивачите на Тотенхем можат да воздивнат бидејќи Маурисио Покетино дефинитивно ќе остане и следната сезона тренер на тој клуб.

Инаку, Манчестер Јунајтед моментално е на четвртата позиција во Премиер лигата, се наоѓаат на местото кое води во Лигата на шампионите следната сезона, а во најелитното европско клупско натпреварување во моментот се во четвртфиналната фаза откако успеаа да го елиминираат ПСЖ.

Оле Гунар Солскјер славеше на 14 натпревари од 19 колку што е на клупата на Манчестер Јунајтед по отказот кој го доби Жозе Мурињо.