Солскјер нема да остане тренер, Јунајтед ќе ангажира друг одличен стратег!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед игра многу подобро под водство на Оле Гунар Солскјер, кој би можел да замине на крајот на сезоната бидејќи англискиот гигант го посакува Маурицио Покетино.

Покетино го предводеше Тотнем трипати до топ три екипите во Англија и очигледно наредната сезона ќе има некои нови предизвици.

„Црвените ѓаволи“ се подготвени да платат околу 34 милиони евра за неговите услуги, како што пишува „Ивнинг Стандард“.

Тоа значи дека уште не е позната иднината на Солскјер, кој се шпекулираше дека ќе остане во тимот и по завршувањето на сезонава.