Солскјер не крева раце од него: Санчез е како „кечап во шише“… ?!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кога Алексис Санчез ппред речиси една година пристигна во Манчестер Јунајтед до Арсенал за 34 милиони, Чилеанецот требаше да биде решение за напаѓачките маки на „Црвените ѓаволи“ под палка на Жозе Мурињо.

Во меѓувреме, Мурињо заработи отказ, на клупата пристигна Оле Гунар Солскјер кој ја препороди целата екипа, но не и Санчез. Чилеанецот и натаму мака мачи со формата. Оваа сезџона во 19 настапи има само два погодоци и четири асистенции, а откако пристигна во Јунајтед во 37 настапи постигна пет погодоци и запиша 9 асистенции.

Покрај се, Солскјер и натаму верува дека 30-годишниот фудбалер има одлични играчи. На сликовит начин ја опиша неговата ситуација пред натпреварот помеѓу Манчестер и Челси вечерва во ФА Купот.

„Знаеме дека добар играч во него. Тој е како кечап во шише, кого не можете да го потиснете, но потоа веднаш излегува. Кога ќе излезе, ќе излезе. И сигурен сум дека ќе биде добар“, истакна Солскјер.

Со оглед на тоа дека Јунајтед во Премиер лигата е 14 бодови зад водечките Ливерпул и Манчестер Ситим, а во Лигата на шампионите го загубија првиот меч од осминафиналето од ПСЖ со 2:0, ФА Купот може да биде последна шанса за екипата на Солскјер за освојување трофеј оваа сезона. И Норвежанецот е свесен за тоа:

„Не можам да кажам дека е последна шанса за освојување трофеј, бидејќи одиме во Псриз да се обидеме да направиме пресврт, но шансите се секако помали. Сите сакаат да играат во финалето од ФА Купот. Едно од најдобрите сеќавања во мојата кариера е кога на „Вембли“ славевме против Њукасл. Знаев дека нема да стартувам во финалето од Лигата на шампионите таа сезона, така што тоа беше мој голем момент“, истакна добро расположениот Солскјер.