Солскјер ќе разговара со Вудворд: Јунајтед има листа со нови засилувања!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер денеска кажа дека ќе разговара со Ед Вудворд за потенцијални засилувања во јануарскиот преоден рок.

Неговиот претходниот Жозе Мурињо често се жалеше дека нема поддршка од клубот, како и од Вудворд, но Солскјер верува дека ќе се разбере со управата на тимот.

„Сигурен сум дека имаат добри планови за преодниот рок. Клубот најверојатно уште од летоска направи план, а можеби и порано. Структурата на клубот е феноменална. Овде сум да го кажам мислењето и ќе разговарам со Ед за нови фудбалери“, објасни Солскјер.

Да потсетиме, Норвежанецот го презема клубот минатиот месец, па досега го предводеше во четири натпревари и победи на сите четири.