Сонародник на Бејл сака да го позајми неговиот авион за да урне рекорд!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Велс во вторник гостува во Албанија во пријателски натпревар, но 29-годишниот фудбалер на Ридинг, Крис Гантер, би можел да урне рекорд по број на настапи во дресот на националниот тим.

Доколку заигра против Албанија, тоа ќе му биде 93. настап во кариерата за репрезентацијата, па така ќе стане апсолутен рекордер.

Тој би сакал во Албанија да биде и неговото семејство, но има проблеми со транспортот, но во целата ситуација би можел да му помогне неговиот колега и сонародник Герет Бејл.

„Ќе го прашам да ми го позајми авионот. Не е баш лесно да стигнам таму, но ако навивачите на Велс можат да го направат тоа, тогаш можам и јас. Ќе се обидам да го однесам таму и моето семејство“, кажа сонародникот на Бејл.