„Сонувам дека Модриќ ќе стигне во Интер, исто како и вие!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Интер, Лучано Спалети, е свесен дека не е исклучена можноста во Милано да пристигне ѕвездата на Реал Мадрид, Лука Модриќ.

Интер вчера со 1-0 го победи Лион со голот на новиот играч Мартинез во Интернационалниот шампионски куп, а по натпреварот Спалети го прашаа што мисли за трансфер на Модриќ.

„Сонувам како и сите навивачи на Интер, тоа би било одлично за нас. Клубот ќе се обиде да го ангажира. Ако и Меси го купиме, тогаш тоа со воодушевување би го прифатил“, вели Спалети.

Интер првпат по долго време ќе игра во Лигата на шампиони, а доколку пристигне Модриќ, кој е наводно подготвен за нови предизвици, тогаш тоа ќе биде лето од соништата за „нераѕурите“.