Со една реченица, Кантона објасни „која е всушност промената“ на Погба… (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се мачеше Пол Погба оваа сезона, имаше несогласувања со Жозе Мурињо, па процвета во оној момент кога „Специјалниот“ ги напушти „Ѓаволите“.

Игра фантастично пол палката на Оле Гунар Солскјер, Јунајтед во 13 натпревари под водство на норвешкиот тренер доживеа само еден пораз.

Некогашниот играч на Јувентус игра како препороден од промената на тренерот, постигнува погодоци, асистира, ја контролира средината на теренот, прави се за што е платен.

За неговата преродба зборуваше и некогашниот напаѓач на „Ѓаволите“, Ерик Кантона, кој во свој стил објасни што точно се променило.

„Откако Оле пристигна, не ја менуваше фризурата. Можеби тоа го натера Погба да сфати дека е фудбалот приоритет.

Прво морате да бидете добри на теренот, а потоа можете да правите нешто друго. Ако ја загубите концентрацијата бидејќи повеќе мислите на фризурата отколку на фудбалот, тоа не е добро. Ако ја менуваат фризурата откако постигнат погодоци и освојуваат работи, тоа тогаш не е проблем, Но, прво концентрација, мислите насочени на победа и фудбал“, истакна Ерик Кантона.