„Со Пике се тркав во 2 наутро, а ниту денес не ми е јасно како Ферги знаеше се“


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Поранешниот играч на Јунајтед, Маркус Нојмејер кој никогаш не заигра за првиот тим, но беше капитен на резервите и тренираше со Фергусон цела сезона 2005/06 во интервју откри некои детали од своето минато.

„Престојував со Пике, Роси и Симпсон. Постојано се дружевме, одевме во трговски центар, ресторани, а со Пике знаев и во 2 часот во ноќ да одиме на картинг или голф.“

„Пике ми е добар пријател и по сите тие години. Славевме Нова година заедно со семејствата минатата година во Барселона, а тој е кум на мојата ќерка. Игравме заедно 2 години и чудно е тоа како станавме добри пријатели. Па дури и жена ми ја запознав преку него.“

Тој кажа нешто и за Фергусон:

„Беше многу харизматичен тренер, користеше метод на карање и тепање. Ако разговарате со него имате чувство дека тоа ви е последниот ден од животот. Но, беше 100% искрен, а тоа не можеа сите да го прифатат.“

Нагласи дека никогаш не видел играч кој бил на толку високо ниво на секој тренинг и натпревар како Пол Сколс, дека Ван Нистелрој бил забавен и кажа една анегдота за Бартез.

„Беше репрезентативна недела и тој тренираше со нас, вториот тим. Постигнав одличен гол од слободен удар и тој дојде и ми ги даде своите ракавици, а притоа ми кажа: Еве, ги заслужи со ваков гол!“

И на крајот, за Кристијано Роналдо:

„Се виде веднаш дека е голем талент. Мислам дека по талентот не е на ниво на Меси, но дека работи повеќе од останатите. Кога го видов прв пат, беше сосема поинаков. Исто така, во играта со глава беше лош, а сега во тој дел е еден од најдобрите.“