„Со своите игри ме воодушеви!“


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Мурињо потврди дека на крајот на оваа сезона неколку фудбалери сигурно ќе го напуштат Јунајтед, односно дека ќе има нови засилувања.

Англиските медиуми неодамна објавија дека Валенсија ќе го напушти Јунајтед, но по се изгледа дека тоа не било вистина.

Мурињо изјави за медиумите дека Валенсија има одлична сезона зад себе, односно дека и понатаму ќе остане член на Јунајтед.

„Јасно е дека Антонио игра одлична сезона. Има феноменални бројки што се однесува до статистиката и можам да кажам дека ме воодушеви со своите игри. Среќен сум како игра и сигурно ќе остане во Јунајтед во иднина.“

Тој оваа сезона игра на позицијата десен бек, а неговите одлични игри не останаа незабележани од страна на навивачите.

Тој беше избран за најдобар играч во минатиот месец од страна на навивачите.