Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Рома, Спалети ќе има шанса во лето да бира каде сака да ја продолжи кариерата.
Спалети од Зенит се врати во Рома, но не успеа да освои ниту еден трофеј досега, освен ако не се случи некое чудо до крајот на сезоната.
Рома е далеку зад Јувентус во Серија А, а во купот по првиот натпревар има негатива од 2 голови против Лацио.
Сепак, без оглед на тоа што ќе се случи до крајот на сезоната, наводно Спалети одлучил да замине, а се повеќе клубови сакаат да му понудат договор.
Последен во низата е Тотенхем, кој би можел да остане без тренер, затоа што Покетино го поврзуваат со Барселона.
Доколку Спалети ја напушти Рома, тогаш Гасперини, Ди Францеско и Џаимпаоло би можеле да го заменат.