Спалети заминува: Еден од најдобрите тренери на светот му се нуди на Интер…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако фудбалерите на Интер во изминатото коло го совладаа Удинезе многу е извесно дека Лучано Спалети повеќе нема да биде тренер на овој клуб.

Имено, иако италијанскиот стратег успеа да го врати Интер во Лигата на шампионите по доста време, управата на „Нероаѕурите“ не може да биде задоволна поради елиминација од најквалитетното европско натпреварување, бидејќи на својот теренот во последното коло имаа „зицер“ против ПСВ.

Нема сомнеж дека навивачите би сакале да видат некое друго име на клупата на овој тим, а повод за такво нешто им даде и Диего Симеоне кој истакна дека еден ден сигурно ќе се врати во Интер.

„Имам уште една година договор со Атлетико и ни оди добро. Веќе многу пати бев јасен, би сакал да се вратам во Интер и сигурен сум дека тоа ќе се случи еден ден“, истакна тренерот на Атлетико Мадрид.

„Лацио и Интер ми останаа во фантастично сеќавање, им посакувам се најдобро“, заклучи Чоло Симеоне.