Спалети на мета на критики, но самоуверен: Играчите ме поддржуваат


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интер вчера запиша пораз од Болоња и тоа додатно ги разочара своите навивачи.

Нероаѕрите беа големи фаворити во овој меч, но Сантандер им донесе големи важни три бода на гостите.

Интер остана на третото место, а навивачите со причина го исвиркуваа Лучиано Спалети.

Тој веќе некое време е мета на критики, па јавноста нема да биде изненадена доколку наскоро добие отказ.

„Верувам дека играчите ме поддржуваат. Знам дека се со мене, но го изгубивме борбениот дух. Нема ни самодоверба. Кога сте несигурни, склони сте кон грешки“, изјави Спалети.

„Свирежите на навивачите не се ништо ново. Бев исвиркуван неколку пати како тренер. Кога некој ќе плати карта има право да го бара она што му е по желба“, додаде Спалети.

Веќе некое време Интер се поврзува со Жозе Мурињо кој после разделбата со Јунајтед е без ангажман.