Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Легендарниот фудбалер на Ренџерс, Начо Ново доживеал срцев удар откако играл за легендите на тој клуб на натпревар во Германија.
Овој 38-годишен Шпанец не се чувствувал добро пред натпреварот во Берлин. Набрзо бил префрлен во болница каде што бил констатиран срцев удар.
За среќа, Начо преживеал и се наоѓа во болница во стабилна состојба.
„Беше тоа срцев удар. Начо се жалеше на болки во градите. За среќа, лекарите брзо реагираа и му го спасија животот.“, изјави еден од неговите пријатели.
Тој е голема легенда на Ренџерс, а играше за клубот од 2004 до 2010 година и постигна 73 голови во 255 настапи. Освои 3 титули со овој тим.