Спектаклот во Лос Анџелес без победник: Фјури направи урнебесен потег по борбата (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лудиот спектакл во Лос Анџелес помеѓу Тајсон Фјури и Деонтај Вајлдер завршни без победник, откако така решија судиите.

Британецот доминираше 10 рунди, но во две беше во нокдаун, па поради тоа мислењата на судиите беа поделени.

„Светот ја знае вистината. Мислам дека победив и дека требаше да го освојам појасот. Вечерва не можев да бидам нокаутиран. Паднав по добри удари, но покажав срце и се вратив“, кажа Фјури.

Инаку, на прес-конференцијата Фјури направи урнебесен потег, откако ги натера сите новинари да заепат со него.

Исто така, Британецот најави реванш со Американецот, но не беше споменат датум кога би можел да се случи наредниот спектакл.