Срамна судиска одлука: Досуден прекршок од Србинот, а Боби всушност доби лакт во глава! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лос Анџелес лејкерс по продолженија го совладаа градскиот ривал Лос Анџелес Клиперс по продолженија со 123-120.

Мечот го одбележа една срамна судиска одлука. Центарот на Клиперс, Бобан Марјановиќ доби жесток удар во лицето, откако со лакт го удри Ленс Стивенсон, но судијата досуди прекршок во корист на Американецот.

По спорната ситуација која се случи во продолженијата, Клиперс бараа објаснување од судиите и им беше соопштено дека снимката е прегледана и потврдено што се случило.

На Стивенсон не му е досуден прекршок без разлика на тоа што го удри Марјановиќ во лице, зашто првата одлука беше дека направил прекршок кошаркарот на Клиперс.