Србија го отпушти но Муслин пред Мундијалот, но Муслин ќе води репрезентација во Русија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот селектор на Србија, Славољуб Муслин не доби прилика да ги води „орлите“ на Светското првенство во Русија, но сепак би можел да биде селектор на претстојниот Мундијал.

Имено, Муслин кој неодамна ја одби понудата на босанската федерација, наводно стартувал преговори со ФС на Австралија и веќе заминал таму за да ги заврши деталите околу договорот.

Да потсетиме, Србија го отпушти Муслин иако тој и донесе пласман на најголемата светска фудбалска смотра пред се поради фактот што во репрезентацијата не го повикуваше најдобриот српски играч во моментов, Сергеј Милинковиќ Савиќ.