Србија ја торпедираше Боливија на последната контрола пред Светското првенство (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Репрезентацијата на Србија буквално ја торпедираше Боливија со 5:1 на последната подготовка за „орлите“ пред почетокот на Светското првенство во Русија.

Избраниците на Младен Крстајиќ работата ја завршија по првите 45 минути по кои успеаја да постигнат дури четири голови во противничката мрежа.

Резултатот го отвори Митровиќ уште во 4. минута, на 2:0 зголеми Љајиќ во 19. минута, а само четири минути подоцна Митровиќ со својот втор гол донесе голема предност за Србија. До крајот на полувремето погодок постигна и Ивановиќ за високи 4:0.

На самиот старт на вториот дел Кампос намали на 4:1, а во 68. минута Митровиќ го комплетираше својот хет-трик за конечна победа на Србија со 5:1.