Среќа во несреќа за Јуве, еве како ќе ја искористат повредата на Роналдо


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Португалецот си го знае своето тело, но Јувентус не сака да ризикува. Па, повредата на Роналдо во наредните недели може да им помогне да решат голем проблем.

И ден после повредата, главна тема е Кристијано Роналдо.

Тој ги смири навивачите на Јувентус со тврдењата дека си го познава своето тело и дека најкасно за две недели ќе биде спремен за натпреварот со Ајакс.

Меѓутоа, денеска ќе помине на контрола во Торино, ако го истегнал својот мускул, нема толку бргу да закрепне.

Последна ваква повреда имаше во 2016 година во Реал и отсуствуваше дваесетина дена.

Прашање е дали Јувентус ќе ризикува со Португалецот во првиот меч.