„Среќен сум во Челси!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Аспиликуета е еден од најважните играчи на Конте во сезоната во која Челси ја освои титулата.

Тој е единствен играч кој ги одигра сите минути за Челси во ПЛ.

Шпанецот го привлече интересот на Барселона, но тој вели дека е среќен во Англија и дека не гледа причина зошто би го напуштил Челси.

„На човеку му е убаво кога слуша дека Барселона е заинтересирана за него. По лошата сезона немаше вакви шпекулации.“

„Но оваа сезона ја освоиме титулата и таквите информации веднаш започнаа да се појавуваат. Јас сум среќен во Челси. Во клубот ме почитуваат и не размислувам за ништо друго.“

Аспиликуета стигна во Челси во 2012-та година  од Марсеј.