„Срна не доаѓа, сакам Енрике да остане и Меси да ја заврши кариерата овде!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на Барселона, Џозеп Мариа Бартомеу, рече дека клубот до крајот на оваа сезона има намера да го продолжи договорот со хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ и ги демантираше медиумските шпекулации за доаѓањето на поранешниот капитен на Ватрените Дарио Срна во јануари.

Се наврати на зимскиот преоден рок кој се отвора за две недели и шпекулациите на медиумите кои траат веќе со месеци, а според кои Барселона е заинтересирана за 34-годишниот Хрват кој 12 години игра во украински Шахјтор.

Според медиумските шпекулации тренерот Луис Енрике сака да се реши од 27-годишниот десен бек Алеиш Видал и му бара замена замена во  искусниот и евтиниот играч кој во Барселона би останел шест месеци, додека не се најде долгорочна замена. Бартомеу, меѓутоа, тоа го демантираше.

„Моментално нема ниту едно барање за некој играч. Роберт Фернандез (спортски директор) внимателно работи на се што може да се случи но нема барања за заминување на некој играч. Во принцип не размислувам ниту за доаѓања ниту за заминувања во оваа зима, што секако не можам да гарантирам“.

Рече дека раководството на клубот не сака Видал да го напушти тимот и дека ќе замине единствено ако тој сам побара.

„Тој е играч кој го заслужува целото наше почитување. Не сакаме никој да замине одовде но некогаш ни се случува да дојде играч и сам да побара заминување, како што ни се случи со Педро“, рече Бартомеу.

Истотака, нагласи и дека е само прашање на време кога Лионел Меси ќе ја продолжи соработката со шампионот на Шпанија. Истотака сигурно ќе ги увери навивачите на Каталонците, после бројните шпекулации за можното заминување на еден од најдобрите фудбалери на светот во Кина.

„Верувам дека Лео ќе ја заврши кариерата во Барселона. Пред или подоцна, ќе извршиме потпишување на нов договор со него. Тоа е она што го сакаме, а мислам дека желбата е обострана. Кога ќе заврши кариерата, ќе има функција во клубот“, оптимистично рече Бартомеу.

Претседателот на Барселона рече за Меси дека го смета за свој сонародник.

„Тој е Каталонец. Производ на нашата академија. Тој претставува исклучителна приказна. Барселона а најдобар клуб, Меси е најдобар играч, па така се е јасно. Не моиже да биде на подобро место од ова“.

Се очекува и продолжување на соработката и со тренерот Луис Енрике.

„Константно сме фокусирани на натпреварувањата, па не стигнавме да разговараме за нов договор. Сепак, нема план Б кога е тренерот во прашање. Го сакам Луис Енрике“, заклучи Бартомеу.