Српски репрезентативец ќе го менува Бензема во Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од таборот на Реал Мадрид го идентификувале 21 годишниот српски репрезентативец, Лука Јовиќ како идеална долгогодишна замена за Карим Бензема.

Јовиќ кој во моментов настапува во Ајнтрахт Франкфурт како позајмен фудбалер од Бенфика е најдобар стрелец во Бундеслигата со 13 постигнати погодоци.

„АС“ пренесува дека тој е првиот кандидат со кој ќе биде преговарано во летниот преоден рок и кој би требало да го замени Карим Бензема кој е во зрели фудбалски години и кој би можел да си замине од „Сантијаго Бернабеу“.