Срушен е рекордот во НБА, а честа му припадна на Рики!(ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Плејмејкерот на Минесота, Рики Рубио во поразот на својот тим од Сан Антонио стигна до трипл-дабл кој ќе влезе во историјата.

Шпанецот имаше 11 поени, 13 скокови и 10 асистенции за 79-ти трипл-дабл во НБА лигата оваа сезона, со што е срушен рекордот од 1988/89 година кога имаше 78 трипл-дабл во лигата, а најмногу имаше Меџик Џонсон, поточно 17.

Оваа сезона Вестбрук има 30, Харден го следи со 15, а Џејмс има 7 трипл-дабл.

Рубио е вкупно 21-от играч оваа сезона кој стигнал до трипл-дабл.