„Срцето ми се кине поради децата во Сирија!“

Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси вчера на друштвените мрежи објави емотивна порака до децата од Сирија.

Аргентинецот не можеше да ги сокрие емоциите за децата од Сирија.

„Оваа војна е премногу. Децата од Сирија се постојано под насилство и грубост веќе 6 години. Како татко и амбасадор на УНИЦЕФ, срцето ми е скршено. Подигнете го својот глас за да ја сопреме војната.“

Меси одлучи да ја поддржи борбата против војната затоа што неговиот глас далеку се слуша.