Срце на лидер – Лука добро центрираше, јас само постигнав погодок


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Не се залетуваме“, изјави Серхио Рамос после ремито против Барселона.

Реал е лидер затоа што има вистински лидер. Кристијано Роналдо навистина е најдобар стрелец во историјата на кралскиот клуб, но актуелната генерација се препознава и по Серхио Рамос.

Капитенот на мадриѓаните повторно покажа дека има срце на лидер. „Многу е важно што продолживме да освојуваме бодови. Тимот добро ја одработи работата и затоа бевме наградени во последните моменти од дербито.

Нафрлувањето на Модриќ беше одлично, јас само постигнав погодок. Претходно, резултатот не беше праведен“, изјави Рамос. „Во првото полувреме имавме подобри шанси.

Единствено ни недостасуваше ефикасност. Најдобро е тоа што после овој натпревар повторно имаме шест бода предност во однос на Барселона.“

„Со ремито бевме наградени за добрата работа која ја работиме од почетокот на сезоната. Не се залетуваме, има уште многу до крајот на првенството. Најважно е дека понатаму се зависи од нас“.

„Интензитетот на натпреварот беше висок. Се играше без извинување, но и без некои груби стартови. Ниту во еден немаше зла намера. Се беше во границите на спортот“, заврши Рамос.

https://www.youtube.com/watch?v=shPgnNrynNk