Стадионот на Јувентус беше распродаден за една минута!


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Фудбалерите на Јувентус ќе играа против Барселона наскоро во ¼-финале на ЛШ.

За овој натпревар има голем интерес од навивачите на Јувентус, а ќе ги има околу 40.000.

Неверојатен е податокот дека картите беа продадени за само една минута од моментот кога беа пуштени во продажба.

Стадионот на Јувентус има капацитет од 41.000 места за седење, а нема да биде пополнет до самиот крај поради правилото на ФИФА според кое 10% од капацитетот на стадионот мора да биде празен поради безбедност.

Натпреварот се игра на 11-ти април од 20:45.