Стам кандидат за клупата на англискиот премиерлигаш?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Познатиот холандски фудбалер, Јап Стам е еден од кандидатите за превземањето на клупата на Свонси.

Откако Свонси го отпушти Боб Бредли, се повеќе се шпекулира за тоа кој ќе биде новиот менаџер на англискиот клуб. Заедно со Рајан Гигс, чие име најмногу беше споменувано во последниве неколку дена се појави како можен наследник и Јап Стам.

Иако се чини дека навивачите повеќе би го сакале Рајан Гигс, Стам од другата страна е искусен менаџер и е желба на управата која бара привремено решение.

Сепак, имајќи во предвид дека Стам во моментов е трет на табелата со Ридинг во Чемпионшип и е на патот кон елитата, прашање е колку е заинтересиран да превземе екипа која е пред испаѓање.