„Старата Дама“ бара засилување: Јувентус бира помеѓу 2 играчи!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сеад Колашинац од вчера се поврзува со Јувентус. Фудбалерот на Шалке со добрите игри го привлече нивното внимание и е на листата со желби.

Во Јувентус имаат неколку опции за позицијата лев бек, а медиумите пишуваат дека ќе бираат помеѓу Сеад Колашинац и Матиа Де Шиљо.

Де Шиљо е 24-годишен фудбалер на Милан кој игра во првиот тим од 2011 година, а не е тајна дека Алегри е негов голем фан.

Колашинац се наоѓа пред излезни врати од Шалке, а ќе видиме дали Јувентус ќе го донесе него во нивни редови.