„Старата дама“ се смешка: „Ел Матадор“ станува предавник?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Едисон Кавани би можел да го напушти ПСЖ на крајот на оваа сезона.

30-годишниот фудбалер наводно би можел да се врати во Италија, а медиумите пишуваат дека Јувентус го сака во свои редови, кој наводно подготвил понуда од 60 милиони евра за него и плата од 10 милиони евра.

Кавани стана член на ПСЖ во 2013 година, а веќе со години игра одлично во дресот на овој тим, па во 226 натпревари постигна 156 голови. Сепак, караницата со Нејмар ќе го натера да замине од клубот.

Неговото доаѓање во Јувентус сигурно би ги расипало односите со навивачите и би станал предавник на тимот на Наполи.