„Статистиката ќе ја убие кошарката!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тоа што го прават Веструк и Харден е многу импресивно, но центарот на Мемфис, Гасол смета дека нивното рушење на статистиката ќе ја убие кошарката.

Познато е дека денешните НБА ѕвезди рушат рекорди во трипл-дабл, даваат неверојатен број на поени и ги зголемуваат статистичките податоци.

Тоа што го прават често предизвикува восхит, но Марк Гасол не се сложува со тоа.

„Статистиката ја убива кошарката. Многу работи во кошарката се случуваат. Различните детали, начинот на кој ја гледате кошарката. Статистиката не ја покажува вистинската слика за кошарката.“