Стигна и 3-от тренер оваа сезона: Пол Клемент е нов тренер на Свонси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Свонси денес официјално потврди дека Пол Клемент е нов тренер на клубот.

Клемент на клупата на Свонси стигнува како замена за Бредли, кој доби отказ поради лошите резултати.

Новиот тренер на Свонси потпиша 2 и пол годишен договор, а во Англија стигнува од Баерн каде што работеше како помошник тренер.

Клемент станува трет тренер на Свонси оваа сезона.

Свонси по 19 одиграни натпревари се наоѓа на последно место во ПЛ и до крајот го чека голема борба за опстанок.