Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Андреа Белоти, напаѓачот на Торино одамна се поврзува со голем број на тимови. Според медиумите во Торино, тие одбиле богата понуда на Челси за овој фудбалер.
Торино добил понуда од 60 милиони евра, со дополнителни бонуси, за услугите на овој фудбалер, но тие ја одбија оваа понуда.
Белоти игра одлична сезона, па го дели првото место во лигата на листата за најдобри стрелци со Џеко.
Во новиот договор кој го потпиша, тој има откупна клаузула од 100 милиони евра.
Челси нудел 60 милиони евра, со бонуси од околу 40 милиони евра, кои би се исплатувале по одреден број на настапи, постигнати голови и слично.
Идејата на Челси била да исплати прво 60 милиони, а другите да бидат исплатени откако Белоти ќе се прилагоди на ПЛ.