Стигнуваат информации од Јувентус: Бразилецот е отпишан и заминува, а пристигнуваат негови замени!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот шампион има многу јасни планови, само ќе ги одложи за во лето. Ќе видиме нов лев бек или можеби два. Еден е веќе играч на Јувентус, а другиот може да пристигне од Шпанија.

Јувентус и понатаму сака да го продаде Алекс Сандро, иако во клубот го негираат тоа. Натпреварот во Каљари покажа дека Асамоа е подобро решение во моментов, а во лето стигнува и Спинацола од Аталанта.

На Бразилецот по се изгледа дека нема да сметаат, а Челси и понатаму одбива да плати 60 милиони евра за овој фудбалер.

Поради тоа е тешко овој трансфер да биде завршен оваа зима.

Јувентус има уште еден лев бек на ум за во лето, а станува збор за Гаја од Валенсија за кој се заинтересирани голем број клубови, а тој чини околу 15 милиони евра.