Сто илјади „причини“ за Лукаку да остане во Евертон


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Карамелите“ ќе пробаат да го убедат корпулентниот Белгиец да остане на Гудисон со тоа што ќе го направат најплатен играч во клупската историја.

„ Liverpool Echo“ во денешното издание пишува дека Евертон спреми нов договор за Ромалу Лукаку.

Се очекува 23-годишниот напаѓач наскоро да стави параф, поради тоа што му е гарантирана неделна плата од сто илјади фунти!

Лукаку така ќе стане најплатен фудбалер во историјата на Евертон.

Мино Раиола во овие денови е виден на Гудисон Парк во друштво на главниот инвеститор на Карамелите Фарад Мошири, кој на италијанскиот агент ги сподели своите големи планови, а идеја му е неговиот штитеник Лукаку да биде централна фигура на тој амбициозен проект.

Лукаку во 2014 година потпиша петгодишен договор со Евертон по кој заработува 75 000 фунти неделно.

Во минатата сезона стана прв фудбалер на Евертон откако се игра во Премиерлигата кој успеа да ја надмине бројката од 25 голови во сезона.

Поради тоа што продолжи да ги решети противничките мрежи и во оваа сезона, ќе биде награден со нов, „засилен“ договор.