Страшна статистика: Жоржињо му покажа на Њукасл како се игра фудбал (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челси го победи Њукасл со 2-1 во средбата од третото коло во англиската Премиерлига.

Челси доминираше со поседот на топката и нивните додавања, па дури во завршницата стигна до триумфот. Маурицио Сари ја пренесе својата филозофија на „сините“ и така засега добро функционира.

Вчера Италијанецот имаше дури 158 успешни додавања, а тоа е повеќе од целиот тим на Њукасл, чии играчи направија само 131 успешно додавање.

Во историјата на Премиерлигата Жоржињо е трет по таа статистика. Претходно Илкај Гундоган против Челси имаше 167 успешни додавања, а Фернандињо во дуелот помеѓу Сити и Евертон има 164.