Суарез го откри виновникот за дебаклот против Рома во ЛШ

Луис Суарез се потсети на неверојатниот натпревар против Рома во четвртфиналето на Лигата на шампиони (ЛШ), кој Барселона го загуби со 3-0 и неочекувано беше елиминирана.

Каталонците имаа предност од 4-1 од првиот дуел и требаше да ја зачуваат разликата, но на крајот се случи токму спротивното.

Суарез има интересна теорија за причините за дебаклот, а станува збор за натпреварот со Легањес, кој беше одигран три дена претходно.

„Многу жалам за натпреварот против Легањес, кој го одигравме дома. Имавме голема предност на табелата, а требаше да се пресметаме со Рома за три дена, но и покрај тоа, јас го одиграв цел натпревар. Потоа натпреварот со Римјаните го почнавме изморени. Свесни сме за тоа и ќе ни биде големо искуство за во иднина“, кажа Суарез.