Суарез отсечен: Валверде е столб на клубот, имам порака до управата…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Барселона, Луис Суарез истакна би бил презадоволен кога каталонскиот гигант би му го продолжил договорот на тренерот, Ернесто Валверде.

„Многу сме среќни под негово водство. Има голема доверба во нас. Презадоволни сме како успеа да ги оддржи сите во соблекувалната среќни, а верувајте тоа воопшто не е лесно кога имате голем број врвни играчи“, истакна Суарез за „Мундо Депортиво“.

Иако Валверде ја освои Ла Лига и Купот на Кралевите, неговата иднина во Барселона е под знак прашалник, пренесуваат шпанските медиуми. Договорот му трае до 2020. година, но во него има клаузула која им овозможува на челните луѓе на клубот да ја раскинат соработката со него на крајот од оваа сезона.

„Би бил воодушевен кога Валверде би го обновил договорот, затоа што е тој фантастичен тренер. Но повторно, не е на нас да одлучуваме“, додаде Суарез.

Барселона е првопласирана на табелата домашниот шампионат, меѓутоа останувањето на Валверде доста ќе зависи од учинокот на каталонскиот клуб во Лигата на шампионите.