„Судиите им дозволија премногу на Вашингтон“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Плејмејкерот на Бостон, Томас смета дека судиите им дозволиле премногу на играчите на Вашингтон во 4-от натпревар од плеј-оф серијата.

Вашингтон го победи Бостон со 121:102 и така израмни на 2:2, а Томас постигна 19 поени.

„Судиите им дозволија премногу да не држат. Пет или 6 пати завршив на паркетот по таквите стартови, а јас не сум единствен. Требаше да реагираат поинаку во тие ситуации. Дури не шутирав ниту едно слободно фрлање.“

„Вашингтон дополнително внимаваа на мене. Не ми дозволија да имам отворен шут по втората ¼-на. Ние како тим мораме да направиме подобра игра за да најдеме одговор за тоа.“