„Судијата го промени текот на натпреварот“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пепе Реина беше поприлично изнервиран поради одлуката која ја донесе главниот судија на мечот против Јувентус.

Синоќа Јувентус успеа да слави против Наполи во Купот на Италија, беше 3:1 после пресврт, а Јувентус постигна два гола од пенал.

Сите беа поприлично изнервирани после овој резултат во редовите на Наполи, посебно поради некои одлуки на главниот судија на мечот.

„Одигравме добро прво полувреме, Јувентус не играше добро. Кога се случија инциденти во второто полувреме, се се промени.

Резултатот се промени на основа на одлука на судија, тоа е се што сакам да кажам“, рече Реина.

Посебно Реина беше лут поради вториот пенал кога тој го запре Квадрадо, по негово мислење беше на топка.

„Што требаше да направам, да исчезнам? Во мој поглед на работата, јас ја удрив топката кај пеналот“, истакна Реина.