„Суперагент“ Раиола има одлични вести за навивачите на Наполи!


Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Еден од најпознатите фудбалски агенти Мино Раиола, изјави дека двајца негови клиенти може да завршат под Везув.

Ако судиме по зборовите на Раиола, Наполи во наредното лето може да добие едно или дури две големи засилувања.

Имено, тој откри дека напаѓачот на Манчестер Јунајтед Златан Ибрахимовиќ е „заљубен“ во Неапол, а не ја отпиша ниту можноста за клубот од „Сан Паоло“ да заигра и офанзивецот на Ница Марио Балотели.

На Ибрахимовиќ во минатата сезона му истече договорот со Пари Сен Жермен, се одлучи да потпише едногодишна соработка со Манчестер Јунајтед, најмногу поради Жозе Мурињо, постојат приказни дека Швеѓанецот може да ја  продолжи соработката со Ѓаволите, но дека конкретно по тоа прашање не се случува не треба да се исклучи и можноста за Ибра да се врати на Чизмата, каде што веќе со успех ги бранеше боите на Интер, Милан и Јувентус.

„Ибрахимовиќ отсекогаш беше заљубен во Неапол и страста кон Наполитанците и јас тоа секогаш го зборував отворено. Порасна во фамилија која е слична на Наполитанците, а со самото тоа и јас.

Тој знае што е љубов на жителите на овој град значи и таа страст која отсекогаш го привлекуваше.

Истотака знам дека Де Лаурентис го познава, а со Златан никогаш не се знае“, изјави Раиола.

Што се однесува од Балотели, тој во летото се пресели во Ница, игра добро на Азурниот брег, па веќе почна да се шпекулира каде може да ја продолжи кариерата, бидејќи со францускиот прволигаш потпиша договор до крајот на сезоната.

„Марио е супер во Ница бидејќи сака да покаже на светот дека се смири, тој само сака да работи.

Многу тимови се распрашуваа за него, од Кина до источна Европа, но на сите рековме дека ќе почекаме неколку месеци пред што да донесеме одлука за неговата иднина.

Не исклучуваме никој, ни Наполи ни било кој друг клуб, ќе видиме како ситуацијата ќе се развива во наредното лето“, изјави Раиола.

Познато е дека Наполи во неколку наврати, дури и во оваа зима, покажа интерес за услугите на поранешниот напаѓач на Интер, Манчестер Сити, Милан и Ливерпул, и не би требало да не чуди ако во наредната сезона го гледаме на Сан Паоло.

Дото Балотели – Ибрахимовиќ во еден клуб може да донесе многу проблеми, но и многу успех, во тоа нема сомнеж. Останува да видиме, како Раиола вели, како работите ќе се развиваат до наредното лето.