Суперлига – Карпош Соколи го доби дербито против Работнички


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарите на Карпош Соколи го победија Работнички во натпревар од суперлигата, 94:90.

Николиќ и Тасовски со пет поени во низа му донесоа водство на Работнички, 2:7. Соколите преку Трајковски и Мавра намалија на поен негатива, 12:13. После намалувањето на еден негатива, гостите постигнаа осум поени во низа за водство од девет поени, 12:21. Трајковски  погоди за два, а Зековиќ тројка за 20:23 после првите десет минути игра.

Карпош Соколи влегоа фантастично во втората четвртина и го презедоа водството, 32:26. Ефремовски и Маслинко намалија на еден поен негатива, 36:35. Трите поени на Зековиќ, двата на Чомагиќ и едниот на Шепа му донесоа водство на соколите на полувреме од 9 поени, 50:41.

Тасовски на почетокот на третата четвртина погоди две тројки во низа за намалување на негативата на Работнички на три поени, 50:47. Илиевски и Тасовски го израмнија резултатот со шест поени во низа, 53:53. Гостите со петте поени во низа на Тасовски стигнаа до водство, 56:58. Лабовиќ, Пери, Зековиќ и Мавра погодија за двоцифрено водство на Карпош Соколи, 70:60. Во последните десет минути од натпреварот соколите влегоа со водство од девет поени, 75:66.

Шест минути пред крајот на натпреварот Карпош Соколи имаше водство од петнаесет поени, 85:70. Тасовски со шест поени во низа намали на 12 негатива, 88:76. Работнички три минути пред крајот имаше негатива од 10 поени, 88:78. Мисановиќ, Тасовски и Мираковски намалија на четири негатива, 88:84. Карпош Соколи на крајот победи со 94:90.

Трајковски со 20 поени го предводеше Карпош Соколи. Зековиќ додаде 19, Лабовиќ 13, Пери 12, а Мавра 10 поени. Кај Работнички најмногу се истакна Тасовски со 37 поени. Мисановиќ постигна 20, а Илиевски 11 поени.