Супер Марио повторно брилијира: Го заклучи автомобилот и го остави својот пријател надвор на дождот


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Балотели е познат по тоа што сака да се зеза со своите пријатели, а на негова мета вчера се најде Десмонд Н’Зе. Тие застанале на кратко на бензинска пумпа, а Балотели одлучил да остане во автомобилот бидејќи врнело.

Сепак, Десмонд не очекувал дека му се спрема „капење“ на дождот, бидејќи Балотели го заклучил автомобилот и не му дозволуваше да влезе.

Неговиот пријател го молеше Марио да го отвори автомобилот, а после кратко време Балотели ги отклучи вратите.