Сусо: Интер ме посакуваше во своите редови


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден од најдобрите играчи на Милан, шпанскиот интернационалец Сусо, пред неделното дерби со Интер истакна дека и Нероазурите биле заинтересирани за него.

Во недела се очекува одлично „Дерби Дела Мадонина“ во кое двата тима како никогаш во последните неколку години со поголеми амбиции ќе влезат во средбата.

Страстите се подгреваат од ден во ден, а денес интересна изјава за медиумите даде репрезентативецот на Шпанија, Сусо.

„Ме посакуваа во 2017 година иако летото штотуку заврши. Сепак, јас не планирав да го променам клубот“ истакна Сусо за „Тутоспорт“.