Тадиќ ја откри тајната за успехот: Гледав премногу клипови од Зидан!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Душан Тадиќ беше неверојатен во мечот против Реал Мадрид (4-1), па му помогна на Ајакс да слави на „Сантијаго Бернабеу“ и да се пласира во четвртфиналето од Лигата на шампиони.

Тадиќ им помогна на соиграчите со асистенција и гол, па по завршувањето на мечот ја даде и првата изјава и откри зошто бил неверојатен на мечот.

„Имаме добар тим и играме убав тим. Зидан секогаш беше мој омилен фудбалер. Можеби сум гледал премногу негови видеа“, објасни Тадиќ.

Многумина го коментираа настапот на Тадиќ и во него видоа магија, која во свое време Зинедин Зидан ја носеше на фудбалските терени.

Во секој случај, фантастичен настап за Тадиќ, кој ја воодушеви Европа, па на лето сигурно ќе добие некоја богата понуда од европските гиганти.